08 out 2023, Prilep

Сава Мариово тур 2023

Classificações

Classificações

Сава Мариово тур 2023
08/10/2023 10:00 72Km

Informação de contacto

Contactar com o organizador

Regulamento

Во Прилеп на 08.10.2023 год, ќе се одржи велосипедска трка Сава Мариово тур 2023.
Трката има натпреварувачки и рекреативен сегмент. Натпреварувачкиот е во конкуренција на Друмски велосипеди и планински велосипеди. Патеката е во должина од 72км на потегот од пред Камена бина во центарот на градот, Кружен тек пред судот, десно покрај хотел Липа, право покрај мебел Ви, на семафор десно по стариот пат на излезот спрема Битола, покрај салон Романса, лево на надвозник кај с. Лагово, с. Штавица, превој Слива, Расимбегов мост на река Црна и назад. Висинска разлика 590м.

Рекреативната патека е на истиот потег до с. Штавица и назад во должина од 26км.
На трката можат да се користат сите видови велосипеди и гуми.
Инфо и пријавување на тел. 079/323-749.
Пријавувањето е бесплатно и ќе трае најдоцна до 04.10.2023.година.
Првите 150 пријавени учесници во сите категории добиваат пакет-мини ранче кој содржи лименка сок, чоколадо 40гр, натпреварувачка маичка и стартен број до чип за електронско мерење на времето. Долж патеката ќе има два контролни мерни пункта и две станици за рехидратација.
Резултатите на сите учесници ќе бидат објавени во живо и на веб страна.
Награди за категоријата Друмски велосипеди:
1 место златен медал и 7000д
2 место сребрен медал и
5000д
3 место бронзен медал и 3000д

Награди за категоријата планински велосипеди:
1 место златен медал и 7000д
2 место сребрен медал и 5000д
3 место бронзен медал и 3000д
Важно:Патеката е Асфалтна и истата ќе биде под посебен сообраќаен режим и со полициска асистенција, а според изготвен сообраќаен проект. Настанот ќе биде покриен со тим и возило од итната медицинска помош.
Многу важно:секој учесник задолжително треба да има технички исправен велосипед, рекреативците е пожелно да имаат заштитна кацига, а натпреварувачите задолжително.
Секој учесник на трките учествува на сопствена одговорност и според своите можности, а според описот на трката.

⎼⎼⎼⎼⎼⎼  Ler mais   ⎼⎼⎼⎼⎼⎼